Новости

Битола инфо

Во Битола се одржа промоција на публикација за младинско женско претпремништво

Во рамките на проектот „Инклузивен модел на младинско женско претприемништво во Битола“ кој е поддржан од буџетот на Општина Битола, денеска во Битола беше промовирана публикација за младинското женско претприемништво чиј автор на истата е Проф. д-р Моника Марковска.

„Креативните и деловни потенцијали кои во себе ги крие женското претприемништво во целост не се искористени во Битола. Оваа тема сеуште не е доволно актуелизирана и како таква со себе носи бројни предизвици но, и можности. На локално ниво потребно е да се направат анализи за тоа колку жени во Битола се присутни во претприемачките води. Според податоците на АВРСМ, прегледот на невработени жени според возраст е со следната динамика: од 15 до 19 години 49 жени, од 20 до 24 години 270 жени, од 25 до 29 години 369 жени, од 30 до 34 години 361 жена како и од 35 до 39 години бројот на невработени жени изнесува 422.“ – изјави Проф. д-р Моника Марковска, автор на публикацијата.

Таа вели дека инвестирањето во младите жени претставува една од најефикасните средства за зголемување на еднаквоста и промовирањето на инклузивен и одржлив економски раст и развој на Битола.

„Инвестициите во проекти и програми кои го поддржуваат женското претприемништво може да постигнат значителни ефекти за развој на жените, бидејќи жените генерално се фокусирани кон инвестирање во здравјето, образованието и благосостојбата на нивните семејства.“ – додаде Марковска.

На тркалезната маса во Битола, учество зедоја Проф. д-р Снежана Мојсовска Саламовска од Економскиот факултет од Прилеп, Билјана Илиева Ванчевска, сопственичка на заботехничка лабораторија како и д-р Ана Ристевска, управителка на ИТ компанија.

Пред присутните свое обраќање имаше градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска која ги презентираше сите заложби на општината за развој на женското претприемништво, за што најави дека во наредниот период општината ќе поддржува бизнис планови токму за развој на женското претприемништво во градот.

„Женското претприемништво е непходна карика во бизнисот, а вложувањето во истото треба да е обврска на сите нас. Овие настани на вмрежување се исклучително важни за развојот на капацитетите на жените од регионот.“ – рече Билјана Илиева Ванчевска, сопственичка на заботехничка лабораторија.

Проектот „Инклузивен модел на младинско женско претприемништво во Битола“ чиј носител е здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив од Битола заедно со здружението за млади и доживотно учење Пријателство плус – Битола, има за цел да го промовира концептот и потенцијалот на инклузивното младинско женско претприемништво меѓу младата женска популација и истовремено да едуцира и охрабри млади жени кои ќе започнат свој сопствен бизнис во Битола.

СН Брокер
To Top