Новости

Битола инфо

Во железничка несреќа во Битола повредени две деца

Во железничка сообраќајна несреќа во Битола тешко повредени се две деца, а нивната мајка се здобила со лесни телесни повреди.

Незгодата, како што потврдија за МИА од Железници на РМ, се случила околу 08.06 часот изутрината во градското подрачје во населба „Карпош”, во непосредна близина на ОУ „Коле Канински” во овој град, каде од досега непознати причини се судриле моторно возило и локомотива.

Во железничката сообраќајна несреќа повредени се децата на возраст од 2 и 5 години кои биле хоспитализирани во Клиничка болница-Битола, но здравствените власти посочуваат дека двегодишното дете ќе биде транспортирано на клиниките во Скопје.

СВР-Битола поведе истрага за овој случај. /МИА

Евротип
Евротип
To Top