Новости

Битола инфо

Во недела времен режим на сообраќај низ Битола заради трката „Трчај Бе“

Од СВР Битола информираат дека заради одржување на спортската манифестација „Трчај Бе“ 2020 година во организација на Здружението на лица кои имаат желба за трчање од Битола на ден 27.09.2020 година (недела) во временскиот период од 07,00 до 12,00 часот ќе преземе мерки на за посебен режим на сообраќај на следната релација:
– Старт на трката: плоштад „Магнолија“ во 09,00 часот,
– двете страни на Бул. 1-ви Мај до Црн мост
– улица „Добривоје Радосавлевиќ“,
– улица „Никола Тесла“, „Михајло Бојаџиев“ и дел од улица „Македонска Фаланга“ до кафе Аеро
– улица „Шеталиште“ во делот до фудбалските игралишта каде учесниците вртат полукружно и
– се продолжува по улица „Шеталиште“ и „Широк Сокак“ до плоштад Магнолија,
Цел на трката: плоштад Магнолија во околу 11,00 часот.
НАПОМЕНА: Патеката е со должина од 5.000 метри. За трката на 10.000 метри патека се поминува 2 (два) пати.

GOLD
To Top