Новости

Битола инфо

Во потпелистерско Трново се одржa 50-та Светска семакедонска средба

Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес, ја одржаа јубилејната 50-та по ред Семакедонска средба.

На собирот во дворот на црковниот Храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Трново, претседателот Иван Џо Петревски истакна дека Матицата секогаш ги обеднува македонците.

-Матицата на иселеницте на Македонија секогаш ќе биде матица која ќе ги обединува македонците и ќе ги штити македонските интереси. Сите да бидеме сплотени, македонците да не се двојат и со слога и единство може да се чува нацијата, посочи Петревски.

Првиот човек на Светскиот македонски конгрес од потпелистерско Трново порача дека владата треба да го слуша гласот на народот и го поздрави неодамнешното донесувањето на Резолуцијата од страна на македонскиот парламент.

-Македонците во светот и татковината остануваат посветени на борбата за правата и слободите на македонските заедници кои живеат во соседните држави. Обединети сме и единствени во барањето за раскинување на договорот Заев-Борисов од 2017 и спогодбата Димитров-Коѕијас од 2018 година. Сметаме дека Владата треба да го чуе гласот на народот и да ги почитува волјата од одлуките на Референдумот од 8 септември 1991 година, како и резултатот од Референдумот одржан на 30 септември 2018 година. Воедно ја поздравуваме донесената Резолуција затоа што демонстрира силно единство во Собранието од пратениците на сите политички партии, нагласи Петров.

Во уметничкиот дел од програмата настапија членови на КУД „Гоце Делчев“-Битола и македонски естрадни уметници.

МИА

СН Брокер
To Top