Новости

Битола инфо

Во фер и демократска атмосфера битолчани да го изберат најдоброто за Битола, порача Кондовски

Кандидатите за градоначалници за Битола денеска го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.

„Во Битола, пиењето кафе е ритуал. На кафе се споделуваат мислења, се разменуваат гледишта, се коментира и студира животот во градот.
Јас и моите противкандидати за градоначалник на Битола симболично го одбележавме потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори токму со пиење кафе на Широк Сокак. Битола има долга и богата традиција на политичка култура која сите ние како учесници во изборната кампања имаме обврска да ја надоградиме. Целта е да се претставиме пред граѓаните во една фер и демократска атмосфера, па тие нека го изберат #најдоброто за Битола. Уште кога прв пат се обратив до јавноста како кандидат за градоначалник, ги поканив моите противкандидатите на заедничко кафе и благодарен сум што се одзваа на поканата. Битолчани сакаат да видат натпревар на идеи, на визии, на проекти. Ќе им овозможиме тој натпревар да биде во фер и демократска атмосфера. Победата на битолчани е и моја победа !“, рече Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ.

Евротип
Евротип
To Top