Новости

Битола инфо

Втор неповрзан случај на Ковид 19 во градинката „Коца Василева“

Уште еден позитивен случај во истата градинка каде пред околу две недели се појави првиот случај на Ковид 19 во градинките во Битола два дена откако започнаа со работа.

Позитивна е воспитувачка, а во домашна изолација и под здравствен надзор се ставени 13 дечиња и негователката од истата група.

Директорката на градинките „Мајски Цвет“ под чија надлежност e градинката „Коца Василева“, Снежана Тодоровска, Потенцира дека се работи за неповрзан случај со претходниот.

Бидејќи ова е втор случај во иста градинка и неповрзан, директорката вели дека од нивното искуство најбитно е да се почитуваат протоколите, но и брзата реакција и информирање на надлежните служби.
Минатиот пат негувателката беше од познат кластер, а заради контакт со неа под здравствен надзор и домашна изолација беа ставени пет деца, три негувателки и две воспитувачки. Во меѓувреме сите тие продолжија да доаѓаат во градинката, каде како што се потенцира дека строго се почитуваат протоколите, а групите не се мешаат една со друга.

GOLD
To Top