Новости

Битола инфо

(Галерија) Oтворено финансиското друштво „СН Финансии“ во Битола – интервју со директорот Никола Јошевски

Синоќа во Битола беше отворено во Битола „СН Финансии“, првото финансиско друштво кое ќе понуди брзи и евтини кредити за своите клиенти, од 50€ до 30.000€. По тој повод разговаравме со директорот на „СН Финансии“, Никола Јошевски за тоа какви кредити нуди „СН Финансии“ на своите клиенти, за поволностите, разликата меѓу финансиските друштва и банките, како и за брендот СН.

Шеталиште: Најнапред, може ли да ни кажете што е тоа финансиско друштво?

Никола Јошевски: “Финансиско друштво” е небанкарска финансиска институција која ги врши следните финансиски активности:

1) одобрување кредити;

2) издавање и администрирање на кредитни картички;

3) факторинг и

4) издавање на гаранции.

Исто така финансиско друштво може да ги врши и следниве активности:

1) советување поврзано со финансиските активности и

2) оперативен лизинг.

Шеталиште: Која е разликата помеѓу банките и финансиските друштва ?

Никола Јошевски: Финансиските друштва се овластени да ги вршат само активностите кои претходно ги споменав додека пак банките покрај тие активност се носители  на платен промет и нудат и други услуги.

Шеталиште:  Што точно ќе нуди „СН Финансии“?

Никола Јошевски: За физичките лица нашето мото е КРЕДИТ СО БИЛО КОЈА ПЛАТА и веќе имаме дефинирано повеќе кредитни производи со кои нудиме кредити од 50 eвра до 30.000 Еeра.

-Очекуваме најбарани да бидат обичните потрошувачки кредити кои се до 10.000 eвра со промотивна каматна стапка до крајот на овој месец од 7%. Овие се ненаменски кредити кои нашите клиенти можат да ги користат за разни намени или за затворање на кредитни картички и кредити во други банки или финансиски друштва;

-Имаме земјоделски кредити за набавка на опрема или семенски матријали и ѓубрива во висина до 15.000 евра. Кај овој кредит нудиме флексибилна отплата на месечни, квартални, полугодишни или годишни рати;

-Ги имаме и брзите кредити кои во последно време се многу популарни и за кои веќе имаме спремна он-лине платформа која ни овозможува  целосна он-лине комуникација со странките од аплицирање до исплата;

-Во соработка со туристичката агенција ЈК Травел нудиме и туристички кредит за летување или зимување;

-Нудиме и кредити за купување на половни возила;

-Исто така нудиме и хипотекарни и станбени кредити во висина до 30.000 евра;

-За правните лица нудиме кредити за обртни средства, за инвестиции и нудиме разновидни гаранции.

Шеталиште: Кои се предностите на „СН Финансии“ во споредба со конкуренцијата, зошто клиентите би Ве избрале баш Вас?

Никола Јошевски: Во моето  долгогодишно банкарско искуство увидов што клиентите бараат и очекуваат од финансиските институции и тоа го имплементиравме во „СН Финансии“, а тоа е:

-Брзина и флексибилност во одлучувањето затоа нашата политика предвидува одобрување на кредити во рок од  1 час после комплетирањето на документацијата од клиентите;

-Ниски трошоци, нашите камати и провизии се доста ниски и конкурентни;

-Клиентите сакаат однапред  да знаат дека во секој момент можат да го затворат кредитот без дополнителни трошоци затоа нашите кредити се без провизија за целосна или парциjална предвремена ликвидација.

Шеталиште: И за крај кажете ни нешто повеќе за името (брендот) СН ?

Никола Јошевски: „СН финансии“ е втор дел од една веќе успешна приказна која ја реализираме со СН Осигурителен брокер. „СН ОСигурителен Брокер“ го основавме во 2014 година. За изминатиот период  ова компанија неколку пати го добива приматот најбрзо растечко осигурително брокерско друштво во Македонија и има отворено експозитури во сите поголеми градови во Македонија. Со напорна работа и квалитетна услуга, „СН Финансии“ се надеваме дека ќе напредува како „СН Осигурителен Брокер“ и за брзо ќе се пробие на македонскиот пазар.

 

GOLD
To Top