Новости

Битола инфо

Главната сестра во Битолската болница поднесе оставка

Главната медицинска сестра во Клиничката болница во Битола, Радмила Бајовска, поднесе неотповиклива оставка.

За оставката на местото главна сестра, Бајовска покрај директорката на болницата Билјана Гагачевска, лично го запознала и министерот за здравство Венко Филипче. Засега не се познати причините за оставката на Бајовска.

Инаку Бајовска е сестра со долгогодишно искуство и таа беше главна сестра во изминатите неколку години пренесува Нова Македонија. 

GOLD
To Top