Новости

Битола инфо

Годишна традиционална изложба на ДЛУБ Битола – оваа година од продажен карактер

На 14 јули во Магазата, беше отворена годишната традиционална изложба на ДЛУБ Битола. Претставени се 32 автори со 42 сликарски дела. Мотивите и сликарските техники се разновидни и ќе може да се видат и дела од помлади и од повозрасни искусни автори. Делата се изработени во периодот од 2020 и 2021 година.

Комисијата се одлучи оваа година наградата ,,Борислав Траиковски’’ да ја добие почитуваниот Александар Поповски.

„Би сакала да напоменам дека изложбата оваа година е продажна. Дел од продажбата ќе се користи за ликовни курсеви, работилници и обуки на деца и возрасни, кои сакаат да го надоградат своето знаење. Изложбата имаше голема посетеност на денот на отворањето. Благодарност до сите посетители љубители на ликовната уметност. Нивниот интерес претставува чест и внимание за уметниците кои  учествуваат на годинашнава изложба, како и почит и уважување на нашата работа. Благодарност за успешна соработка и афирмација на ДЛУБ до Министерство за култура, Општина Битола, СН Осигурителен брокер АД Битола, КЈП Водовод – Битола и ЈП Пазари – Битола“, рече Нела Петровска, претседател на ДЛУБ Битола.

СН Брокер
To Top