Новости

Битола инфо

Голема донација од Ротари Клуб Битола Широк Сокак за битолската болница

Ротари Клуб Битола Широк Сокак денес ја реализира најголемата донација во своето 12 годишно постоење.
Во Ковид Центарот на Клиничка Болница Битола беше предадена во употреба најсофистицирана опрема во вредност од 2 144 390.000 ден. која е воедно и една од најголемите донации на опрема во Ковид Центрите во земјава.
Со овој вид на опрема пациентите згрижени во Ковид Центарот во Битола ќе добијат можност нивната соатојба да се следи со помош на врвна медицинска апаратура на реномираниот производител Дрегер, Германија .
Донацијата се состои од:
1. Пет хемодинамиски монитори за возрасни, деца и новородени
2.Два Бронхоаспиратори со вакум
3 .Четири Паротокомери за кислород

Средствата се обезбедени од лични донации на членови на клубот кои се мечирани во Ротари Интеранационал , донации од партнерски Ротари клубови Логатец Р. Словенија , Љубљана 25 Р Словенија ,Галезбург Санрајз САД , Ротари Дистрикт 1912 , Ротари Дистрикт 2483 Р. Србија како и средства на граѓаните на Битола кои беа донирани за време на минатогодишниот Втор Битолски Новогодишен базар.


Инспирирани и поттикнати од оваа голема донација на Ротари Клубот Битола Широк Сокак , добавувачот Винора одлучи кон оваа донација да се приклучи и да ја надгради со донирање на опрема која е од витално значење во справување со пандемијата со Ковид 19.
И тоа :
1. Два апиратори на струја
2. Два протокомери за кислород со овлажнувач
3. Ларингоскопски сет
4. Дваесет маски за висока концентрација на кислород

Еден од клучните елементи што оваа донација ја прави уште по значајна е фактот што се работи за апаратура која после завршување на пандемијата ќе биде ставена во функција во операционите сали на Клиничка Болница Битола

GOLD
To Top