Новости

Битола инфо

Градинката „Качунка“ оштетена од земјотресот

Градоначалникот Тони Коњановски, вчера попладне ги посети двете централни детски градинки во Битола, Естреја Овадија Мара и Мајски цветсо цел на терен да се информира за состојбата во која се наоѓаат објектите после земјотреси и веднаш да се пристапи кон преземање на мерки од страна на општината и детските градинки, со цел да се овозможи непречено згрижување на децата од предучилишна возраст.
Од извршениот увид, материјални штети се констатирани само кај детската градинка „Качунка“ која е клон на ЈОУДГ Мајски цвет.

Евротип
Евротип
To Top