Новости

Битола инфо

Гром удри во штала, изгоре заедно со стоката внатре

Попладнево, во невремето што ја зафати Битола, гром удри во штала над населбата Стрчин, веднаш под месноста Смолево. Бил предизвикан пожар по што шталата целосно изгорела, а настрадале и 80 овци, педесетина јагниња и 3 јуници кои биле внатре во шталата. Од Територијалната противпожарна единица Битола интервенирале во 15:45 часот, со две возила и пет пожарникари. Предизвикана е голема материјална штета.

GOLD
To Top