Новости

Битола инфо

Двајца битолчани приведени поради предизвикување општа опасност

Во понеделникот од страна на полициски службеници од Одделението за општ криминал при СВР Битола лишени од слобода се М.М. на 36 и Р.К. на 26 години, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „предизвикување на општа опасност“, по чл.288 од Кривичниот законик.

Имено, во 09.30 часот во СВР Битола И.В. од Битола пријавил дека во временскиот период од 22.00 часот во неделата до 7.15 часот во понеделникот улицата „Македонска фаланга“ во Битола, на две патнички возила „митцубиши“ и „голф“, сопственост на пријавителот била истурена течност, при што било предизвикано нивно оштетување.

По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите биле идентификувани, а при извршен претрес кај лицата пронајдени се предмети поврзани со извршеното кривично дело.

Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Евротип
SNBROKER
To Top