Двајца битолчани фатени со дрога

Полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола ги лишија од слобода А.А и К.М. од Битола, бидејќи кај нив била пронајдена дрога.
Според соопштението на СВР Битола кај двајцата битолчани истиот ден кај двајцата битолчани била пронајдена прашкаста материја.
Против нив е поднесена кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 од Кривичен законик.
На двајцата осомничени, судија на претходна постапка им одреди мерка притвор.
