Новости

Битола инфо

Два угостителски објекти во Битола затворени во периодот од 29 март до 4 април

Според директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, и по една година од пандемијата, се уште има угостители, но и граѓани кои не ги почитуваат протоколите.

Инспекциските служби од 29 март до 4 април спровеле вкупно 5.236 надзори и контроли. Само пазарните инспектори извршиле над 4.500 контроли и надзори при што изрекле 34 прекршочни пријави, 91 решение и 43 платни налози. Вкупно осум угостителски објекти се затворени поради непочитување на протоколите, два во Скопје и Битола и по еден во Гостивар, Тетово, Струга и Куманово. Во овие угостителски објекти не се почитувало работното време или бројот на гости, односно ограничувањето на гости на една маса. Во сите случаи е изречена забрана за вршење дејност, односно тие се затворени на лице место, а дополнително се изречени и соодветни прекршочни платни налози.

Од Нова година до сега се затворени преку 78 објекти поради непочитување на протоколите.

 

GOLD
To Top