Новости

Битола инфо

Две возила изгореа во гаража на битолчанец

Министерството за внатрешни работи информираше дека синоќа во 01:43 часот било пријавено дека во Битола на ул. „Сисак“, настанал пожар во гаража од куќа, сопственост на 57-годишниот С.Х. од Битола, при што биле опожарени две патнички возила „опел корса“ и „шерволет спарк“, со битолски регистарски ознаки и мопед, сите сопственост на С.Х.

Повредени лица нема, а пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, информира полицијата.

GOLD
To Top