Новости

Битола инфо

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Ѓавато

Синоќа околу 22.40 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, кај превојот „Ѓавато“, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица.

Несреќата се случила помеѓу влечно возило „даф“ со приклучно возило „череау“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од 59-годишен ресенчанец и патничко возило „опел мерива“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 53-годишен охриѓанец. Од здобиените повреди на местото на незгодата починале двајцата возачи.

Смрт констатирал лекар, а увид извршиле увидна екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите се дадени за обдукција.

СН Брокер
To Top