Новости

Битола инфо

Две лица повредени во сообраќајка во Битола

На 14.08.2022 во 01.02 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул.„Солунска“ и ул.„Никола Тесла“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“, без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник и патничко возило „опел вектра“, со битолски регистарски ознаки, управувано од А.С.(43), двајцата од Битола, информира МВР.

Во несреќата возачот на мопедот се здобил тешки телесни повреди, а неговиот сопатник В.М.(28) со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Во координација со Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициска станица Битола.

Евротип
SNBROKER
To Top