Новости

Битола инфо

Две сообраќајки во битолско, повредени вкупно 7 лица

При судир меѓу товарно возило и „рено“ во битолско вчера настрадаа 6 лица од Битола.

На 22.11.2022 во 17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат, кај клучка Могила, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(54) од Прилеп и патничко возило „рено“ со битолски регистарски онаки, управувано од Д.Н.(21) од Битола. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил В.Т.(56) од Битола, сопатник во патничкото возило, констатирани во Градската болница Прилеп. Додека со телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото – З.З.(54), С.А.(54), П.С.(57), Б.К.(66) и Н.Н.(56), сите од Битола. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп, соопшти полицијата.

Во одвоена несреќа тешко повреден е уште еден битолчанец.

На 22.11.2022 во 07.47 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Ресен, А.Ќ.(25) од с.Велушина, битолско, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излегол од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола, стои во полицискиот билтен.

Евротип
SNBROKER
To Top