Новости

Битола инфо

Денеска во Битола поголем одзив за вакцинирање

За денеска 1300 термини за вакцинирање во регионалниот пункт во Битола. Според информациите од здравствениот дом до 16 часот на вакцинација се појавиле и се вакцинирале 630 лица.

И денеска имало случаи на лица кои биле закажани, а не се појавиле во наведениот термин, а се создала и гужва заради тоа што се појавиле и лица кои не биле закажани за денеска.

Од Здравствениот дом апелираат граѓаните да се пријавуваат на електронскиот систем и да доаѓаат на вакцинација во закажаниот термин.

Извор: ТВ Тера

GOLD
To Top