Новости

Битола инфо

Денес во Битола 5 нови случаи, од нив две деца на возраст од една и четири години

Центарот за јавно здравје – Битола информира дека денес во Битола се регистрирани 5 позитивни лица, на возраст од 1, 4, 38, 39 и 45 години. Сите лица даваат податок за контакт со друго позитивно лице и се поврзани во фамилијарни кластери. Од контактите на новорегистрираните лица, за 8 лица е даден предлог за здравствен надзор и домашна изолација до ДСЗИ (Државен санитарен и здравствен инспекторат- ПО Битола). Вкупниот број на активни случаи во Битола изнесува 63. Денес се регистрирани 4 оздравени лица и еден смртен случај кај лице на возраст од 73 години кое беше хоспитализирано во ГОБ “8 ми септември”- Скопје.

Во Демир Хисар денес е регистрирано едно позитивно лице на возраст од 70 години, а од неговите контакти за 2 лица е даден предлог за здравствен надзор и домашна изолација до ДСЗИ. Новорегистрираното лице не дава податок за контакт со друго позитивно регистрирано лице. Вкупниот број на активни случаи во Демир Хисар изнесува 25.

Во Ресен денес има еден регистриран случај на возраст од 56 години, а регистрирано е и едно оздравено лице. Новорегистрираното лице не дава податок за контакт со друго позитивно регистрирано лице. Од неговите контакти за 1 лице е даден предлог за здравствен надзор и домашна изолација до ДСЗИ. Вкупниот број на активни случаи во Ресен изнесува 32.

Во Кичево денес има регистрирано 11 позитивни лица од кои 4 на возраст од 41-50 години, 3 на возраст од 51-60 години, 2 на возраст од 21-30 години и по еден во возрасните групи 11-20 и 61-70 години. Лицата не даваат податок за контакт со друго регистрирано позитивно лице. Вкупниот број на активни случаи во Кичево изнесува 79. Денес се регистрирани 14 оздравени лица.

GOLD
To Top