Новости

Битола инфо

Детска едукативна претстава за сообраќајната култура „Безбедно дете“

На 21.09.2020 во периодот од 16.30 до 19.30 часот во дворот на Националната установа – Завод и музеј во Битола како  дел од одбележување на Европска недела на мобилност во сообраќајот, беше организирана и изведена детска едукативна претстава од областа на сообраќајот за деца до 14 – годишна возраст.

Во рамки на активностите, пред почетокот на претставата беше поделен и промотивен материјал и други реквизити од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Активноста беше реализирана од страна на Отсекот за превенција при СВР Битола, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Општинскиот совет за безбедноста, членови на РС и ОС за БСП, членови на ОО Црвен крст Битола, како и претставници на Општина Битола.

 

GOLD
To Top