Новости

Битола инфо

Димовска за ВМРО ДПМНЕ

Портпаролот на СДСМ Битола, Невена Димовска денеска изјави дека ВМРО ДПМНЕ е партија која нуди обнова на непотизам и личното богатење на своите партиски членови.

„Изминатиот период гласноговорници на ВМРО ДПМНЕ се токму оние кои виделе најмногу лична корист од таа партија, можеби надевајќи се дека ќе дојде повторно таквото време.
Деновиве сме сведоци на постојани напади за непотизам и тоа од кој, од човекот кој цел изминат период за владеењето на ДПМНЕ уживаше најголеми благодети. Човекот на кој таткото беше директор на рудникот во РЕК, човекот кој ја вработи својата сопруга во Народен театар Битола, кој по неколку години се вработи и тој самиот во таа институција, каде што нема изиграно ниту една позначајна улога, но затоа има многу улоги во спотовите на неговата партија, улоги во ниските и под човечки спотови на вмро дпмне.

Но тука не е крајот. Дали покрај вработувањата за кои има доказ во соодветните институции, наплатил и сума од околу 2.5 милиони денари од општината и јавните претпријатија за сомнителни зделки?

Очигледно ВМРО ДПМНЕ останува партија која се грижи за личниот интерес а не интересот на граѓаните. Партија која нуди обнова на непотизам и личното богатење на своите партиски членови.
Затоа на 15ти заедно со нашите сојузници – граѓаните ја избираме Понудата на СДСМ и коалицијата „Можеме“ која нуди нова македонска развојна економија, заснована na одржливост и човечки капитал. Модел што ги штити работните места на граѓаните, генерира повисоки плати, подобри работни места, модел кој враќа пари кај граѓаните“, изјави Димовска.

GOLD
To Top