Новости

Битола инфо

Донација на АМД „Ѓорѓи Наумов“ за битолската болница

Пандемијата со COVID 19 која ја зафати и нашата земја донесе потреба, уште во почетокотот на месец април, за зголемување на капацитетот и функционалноста на инфективното одделение и одделот за пнеумофтизиологија во ЈЗУ Клиничка болница Битола. Новиот начин на работа и лекување на ваквите пациенти бараше санацијаи, адаптација и опремување на просторот за да може да одговорат на новонастанатите потреби.
Имајки го во предвид ограничениот буџет на Клиничка болница Битола како и важноста целокупната работа да биде направена во најкраток временски период, Раководството на АМД Ѓорѓи Наумов- Битола искажа искрена желба да помогне што поуспешно да се справиме во надминувањето на состојбата. Како фирма донесе одлука за доделување на средства во износ од 1 000 000 денари наменети за санација на просторот и друга техничка поддршка како и купување на следната опрема:

1. 2 (два) BISTOS-BT770 Мултипараметарски пациент монитори BT 770
2. 10 KM-SPO2 Пулсоксиметар и 10 MED-SPO2 Пулсоксиметар – MySpO2
3. 10 Дозни автоматски – надзидни за двостепен приклучок на О2 со содветен стандард
4. 20 Назални маски за О2 за возрасни и деца,
5. 20 Целосни маски за О2 за возрасни и деца
6. 5 Регулатори за кислород и овлажнувач на воздух со флоуметар
Раководството на Клиничка болница Битола им се заблагодарува за нивната несебична подршка во овие тешки времиња како за здравствените работници така и за целата заедница.

GOLD
To Top