Новости

Битола инфо

До денеска извадени 4500 артилериски гранати од под Тумбе кафе , се очекува бројката да стигне до 10.000

Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување продолжуваат со подигнување на пронајдените артилериски гранати од првата светска војна кај стадионот под Тумбе кафе во Битола.

До денеска извадени се 4500 парчиња, а како што велат се очекува таа бројка да се искачи и до 10.000.

Транспортот се врши со возило во кое се товараат од 150 до 170 гранати, а депонирањето е во магацинот на дирекцијата.

Акцијата ,дирекцијата ја спроведува во присуство на медицинска екипа од Итната медицинска помош и полициски службеници.

Извор: ТВ Тера

GOLD
To Top