Новости

Битола инфо

Дурловски: Со конкретни економски мерки ќе го поттикнеме развојот на малите и средни претпријатија

Игор Дурловски, носител на листа за ИЕ5 од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ денеска зборуваше за економските мерки за развој на малите и средни претпријатија.

„Битола ја има една од најубавите чаршии во Македонија. Некогашниот економски центар на градот, со повеќе од 2000 дуќани, денес повеќе наликува на културно-историско обележје отколку на економско јадро на Битола.

Времето и негрижата го направија своето. Ние ќе ги промениме работите. Со конкретни економски мерки ќе го поттикнеме развојот на малите и средни претпријатија со што ќе ја намалиме невработеноста и ќе го подигнеме животниот стандард на Битолчани“, истакна Дурловски.

GOLD
To Top