Новости

Битола инфо

Еве кои училишта од Битола, Новаци и Могила добија согласност за физичка настава

На 5-тата седница Владата ги усвои предлозите на Комисијата, која, по разгледување на комплетните барања доставени од страна на општините, одобри изведување настава со физичко присуство на училишта за деца со посебни образовни потреби меѓу кои и Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ – Битола.

Општина Битола доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение во ПУ с.Братиндол, и ПУ с.Брусник, а за ПУ с.Дихово се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто одделение, додека во ПУ с.Трново настава со физичко присуство ќе има за учениците од прво до петто одделение (комбинирана паралелка од прво до петто одд).

И ООУ „Ѓорѓи Сугарев“, Битола, доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците во посебната паралелка од четврто до деветто одделение. Во ПУ с.Крклино ќе се организира настава со физичко присуство на учениците во комбинираните паралелки од прво до петто, а во ПУ с.Лопатица за учениците во комбинираните паралелки од второ до петто.

Во ПУ с.Црнобуки и во ПУ с.Лисолај во општина Битола ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, во ПУ с.Габалавци за учениците од петто одделение, а во ПУ с.Драгожани за четврто одделение.

Во општина Битола, ОУ „Крсте Петков Мисирков“, во с. Бистрица ќе организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и во ПУ с.Барешани, ПУ с.Велушина, ПУ с.Егри, ПУ с.Доленци , ПУ с.Граешница, ПУ с.Меџитлија, ПУ с.Кременица, ПУ с.Лажец, ПУ с.Кравари, ПУ с.Канино, ПУ с.Оптичари, ПУ с.Породин, додека во ПУ с.Кишава, ПУ с.Острец и ПУ с.Олевени ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто одделение.

За ПУ с.Цапари се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во смени.

Во Општина Битола согласност доби СОУ „ СОЗУ „Кузман Шапкарев“ за организирање настава во две смени со физичко присуство на учениците од прва до четврта година.

Согласност за организирање настава за стручните предмети, за соодветните видови на подрачја со физичко присуство, добија и средните уметнички училишта меѓу кои и Државното музичко училиште Битола.

Во Општина Новаци организирана настава со физичко присуство ќе има во ООУ „Славко Лумбарковски“ за учениците од четврто и петто одделение, и во ПУ с.Бач за учениците од шесто до деветто одделение; во ПУ с.Живојно, ПУ с.Далбеговци, ПУ с.Агларци, ПУ с.Добромири, ПУ с.Рибарци, и ПУ с.Гермијан, исто така за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Во Општина Могила ПУ с. Д.Чарлија доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение; ПУ с.Радобор – се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на ученикот од четврто одделение.

На ООУ „Браќа Миладиновци“ од с. Добрушево му е одобрена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и на ПУ с.Дедебалци, ПУ с.Мусинци, ПУ с.Ношпал ПУ с.Трап, и на ПУ с.Будаково.

Согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, добија и ООУ „Кочо Рацин“ во с. Ивањевци, како и ПУ с.Долно Српци, ПУ с.Волино и ПУ с.Трновци.

GOLD
To Top