Новости

Битола инфо

Еве кои училишта од Битола побараа настава со физичко присуство

Советот на Општина Битола на 60-та седница донесе Одлука за настава со физичко присуство за доставување барања за согласност од Владата за реализирање на настава со физичко присуство во дел од училиштата во Општина Битола.

Во Одлуката стои:

О Д Л У К А

за доставување на барања за согласност од Владата на Република Северна Македонија за реализирање на настава со физичко присуство во дел од основните и средните општински училишта во Општина Битола во учебната 2020/2021 година

 

 

Член 1

Се прифаќаат барањата за доставување на барања за согласност од Владата на Република Северна Македонија за реализирање на настава со физичко присуство во основно образование за учениците од четврто до деветто одделение и за учениците во комбинирани паралелки од прво до петто одделение во учебната 2020/2021 година,  поднесени од:

– ОУ „Д-р Трифун Пановски“ Битола со бр. 03-219/1 од 04.09.2020 година;

– ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола со бр. 03-125/1 од 07.09.2020 година;

– ОУ „Александар Турунџев“ с.Кукуречани, Битола со бр. 03-176/1 од 07.09.2020 година;

– ОУ „Крсте Петков Мисирков“ с.Бистрица, Битола со бр. 03-170/1, 03-170/2, 03-170/3, 03-170/4, 03-170/5, 03-170/6, 03-170/7, 03-170/8, 03-170/9, 03-170/10, 03-170/11, 03-170/12, 03-170/13, 03-170/14, 03-170/15, 03-170/16, сите од 07.09.2020 година;

– ОУ „Елпида Караманди“ Битла со бр. 03-295/1 од 09.09.2020 година и

– ОУ „Коле Канински“ Битола со бр. 03-96/1 од 10.09.2020 година.

 

 

Член 2

Се прифаќааат барањата за доставување на барања за согласност од Владата на Република Северна Македонија за реализирање на настава со физичко присуство во средно образование во учебната 2020/2021 година, поднесени од:

– СОУ „Таки Даскало“ Битола со бр. 03-351/5 од 09.09.2020 година и

– СОЗУ „Кузман Шапкарев“ Битола со бр. 03-213/2 од 09.09.2020 година.

 

 

Член 3

Се прифаќаат барањата за доставување на барања за согласност од Владата на Република Северна Македонија за реализирање на практична настава со физичко присуство во учебната 2020/2021 година, поднесени од:

– ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ Битола со бр. 03-5/44 од 04.09.2020 година и

– СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола со бр. 03-220/2 од 10.09.2020 година.

 

 

Член 4

Се прифаќа барањето за доставување на барање за согласност од Владата на Република Северна Македонија за реализирање на настава со физичко присуство по предметот Спорт и спортски активности во учебната 2020/2021 година, поднесено од СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ Битола со бр. 03-230/1 од 09.09.2020 година.

 

 

Член 5

Барањата за согласности за реализирање на настава со физичко присуство врз основа на оваа одлука да се достават до Владата на Република Северна Македонија веднаш по донесувањето на оваа одлука.

 

 

Член 6

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен гласник на Општина Битола“.

GOLD
To Top