Новости

Битола инфо

Една несекојдневна средба – Запеј, заиграј и засвири во името на љубовта, хуманоста и животот

„Таму каде зборовите не вредат, музиката проговорува. Ако музиката дава душа на вселената, крила на умот и живот на сите тогаш ние во чест на музиката и хуманоста сме собрани во Подрачното училиште „Коле Канински“ во населбата Буковски Ливади на една несекојдневна средба. Имаме чест ние учениците во ова училиште заедно со дечињата од Мајчин дом, да бидеме дел од оценувањето на студентите од Педагошкиот факултет по предметот Музички инструмент во класата на професор Мери Кавкалевска Стоилкова.“

Вака започна една несекојдневна средба во Подрачното училиште „Коле Канински“ во населбата Буковски Ливади, под мотот „Запеј, заиграј и засвири во името на љубовта, хуманоста и животот“, на кој студенти од Педагошкиот факултет во Битола го полагаа испитот по музички инструмент, штитеници од мајчин дом од Битола уживаа во нивните изведби и во претставата што во нивна чест ја одиграа ученици од ова училиште.

На средбата присуствуваше деканката на Педагошкиот факултет, проф.д-р Валентина Гулевска, директорката на Мајчин дом, Наташа Лазаревска Младеновска, директорката на ОУ Коле Канински, Лидја Павловска, професорката Мери Кавкалевска Стоилкова, како и студенти, наставници, ученици…

На средбата студентите изведоа дела од разни композитори, а учениците учествуваа со музички точки од дестскиот фестивал Тра – ла – ла и драматизација на бајка. Настанот заврши со доделување на скромни велигденски подароци на штитениците од Мајчин дом.

 

 

GOLD
To Top