Новости

Битола инфо

Емилија Јошевска доаѓа на местото на советничката Олга Лозановска

Вторник на седница на Советот на општина Битола ќе биде верифициран мандатот на новата советничка од редовите на Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, Емилија Јошевска, објави ТВ Тера.

Таа доаѓа на местото на Олга Лозановска која стана пратеник во Собранието на Македонија.

Јошевска на локалните избори во 2017 година беше кандидат за советник и се наоѓаше на 13-то место на листата на Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, а Олга Лозановска на 10-то.

Во ваква ситуација е предвидено дека местото на советникот кој заминал се пополнува со следниот од листата, но правилата велат дека треба да се почитува и родовата еднаквост, па така бидејќи испразнетото место е на кандидатка, тогаш се оди со следната канидатка која била после Лозановска на кандидатската листа.

GOLD
To Top