Новости

Битола инфо

Епидемиологот Коњановски позитивен на Ковид 19

Д-р Тони Коњановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Битола, вечерва на својот Фејсбук профил соопшти дека е позитивен на Ковид 19.

„Во деновиве на премрежија кога сега како Ковид 19 позитивен, ја споделувам судбината на многумина мои сограѓани и пријатели со кои болеста не поврзува, пред се би сакал да се заблагодарам на поддршката на пријателите и останатите кои ме познаваат зошто нели со пријателите и доброто и злото полесно поминуваат. Сега кога сум на “оваа страна од барикадите” жалам што како и многумина мои колеги, понесени од одговорноста да помогнеме и да ги заштитиме другите, не успеавме самите “да се довардиме”, но тоа е ризикот на оваа професија, за која воопшто не жалам. Им се извинувам на сите на кои не можевме да им помогнеме или бев недостапен да ме контактираат, но верувајте и покрај сите напори не можев на сите да ви одговорам.
Во моменти кога Македонија ги руши сите црни рекорди и статистики, кога во Битола во континуите веќе четврта недела по ред бројот на Ковид 19 позитивни надминува 300, а од недела во недела се зголемува и бројот на починати како последица на Ковид 19 инфекција, кога се поголем број на мои колеги се позитивни и во изолација и кога здравствениот систем до максимум ги има исцрпено сите капацитети, здравствените авторитети треба конечно во свои раце да ги земат работите. Време е за храбри одлуки (иако лично сметам дека како и досега касниме две-три недели), за одговорност, време да се земе палката од рацете на луѓе на кои главата им служи за кршење на ќерамиди и да донесат непопуларни, но храбри одлуки. Не треба човек да биде премногу паметен, нити кој знае каков експерт, само треба да ги согледа параметрите, епидемиолошките показатели и статистиката.
Во многу поорганизирани земји од опкружувањето, вакви и порестриктивни мерки веќе неколку недели се во важност. Да се биде одговорен пред нацијата а здравјето на граѓаните да биде Прв приоритет без разлика на последиците по себе, е императив на секоја државн политикаите и најбитно во моментов.
1. Преминување на on line наставата во основните, средни училишта и факултетите. (разгледување на можност за продолжен зимски распуст).
2. Затворање и прекин на работата на сите кафетерии, кафичи, кафеани, ресторани и сл. (Освен оние кои можат да организираат шалтерска услуга или достава на храна), во траење од најмалку три недели.
3. Времен прекин на работа на кладилници, спортски обложувалници и казина.
4. Организиран и регулиран влез во маркети и продавници (определен број на посетители согласно просторниот капацитет на објектот. Позитивно искуство од времето на карантинот).
5. Итен прекин на маркетинг камањите од типот “Black Friday”, кои ако продолжат со ова темпо за десетина денови ќе испорачаат навистина “Црн резултат”.
6. Како последна мерка во низот доколку предходните немаат ефект “Викенд карантини” ( Петок 17.00- понеделник 05.00) во текот на месец Декември.
П.с. Овие мерки секако подразбираат и економска поткрепа на сите кои ќе ја изгубат работата и ќе останат дома.
На крај за сите добронамерни, за сите желни за Љубов, за сите кои заборавивме и им фали насмевка, гушкање и убав збор, за сите болни и немоќни…за сите убави луѓе кои месеци живеат под маски, ведра песна и убав збор од наше дете, Македонче, Битолчанче…Уживајте“ напиша д-р Коњановски.

GOLD
To Top