Новости

Битола инфо

„ЖИВОТОТ НА БАИР” – изложба на детски цртежи од школата за цртање во населбата Баир

Цртежи и слики изработени од децата кои живеат во битолската населба Баир, под водство на академската сликарка Анкица Стевановска која ја водеше двомесечната школа за сликање, синоќа беа претставени на изложба во фоајето на Центарот за култура во Битола, а организирана од ПРЕДА Плус Фондацијата.


Во месеците октомври и ноември во месната заедница “Димитар Влахов” се реализираше бесплатната Школа за сликање, наменета за деца од 10 до 14 години кои живеат во оваа населба. Оваа школа, која вчера имаше завршница со изложбата се дел од културните настани во проектот Баир- Здружена акција на Битола за вклучување на Роми, финасиран од Европска Комисија, реализиран во партнерство на италијанската невладина организација -COSV, Преда Плус Фондација и Општина Битола.
Целта на оваа школа со завршна изложба, беше да се интегрираат децата од различни националности кои живеат во населба Баир, во една заедничка активност преку која ќе се промовира креативноста, културата и заедничкиот живот во населбата. Ова е уште еден од проектите позади како иницијатор стои ПРЕДА плус фондацијата, до проектите кои успеваат да направат разлика во општеството во кое живееме.


На изложбата, која ќе биде поставена до сабота, изложени се и делата изработени во рамки на една друга работилница реализирана од Регионалното географско друштво Геосфера од Битола, кое во изминатата година преку многубројни активности за чистење на депониите во населбата Баир, успеа да направи парк со детски реквизити и да реализира 7 работилници со ромското население за реупотреба на материјали од пластика и текстил и изработка на креативни творби.
На синоќешното отворање на изложбата, жири комисија во состав Буба Мешкова-Солак академска сликарка и педагог и Елена Хаџи Антонова од Малиот Битолски Монмартр ги избраа најуспешните цртежи, прогласувајќи ги Давид Исов, Мила Секуловска и Ален Ахмедов за најдобри. Тие добија и награди од СН финансиско друштво, а сите учесници на школата и симболични подароци.
А бесплатни часови до крајот на годината во ADAM’S ART SCHOOL, добија Мила Секуловска, Џулијана Керимова и Давид Исов.

фото Ивона Кочов

Евротип
SNBROKER
To Top