Новости

Битола инфо

Заврши изложбата “Наши години“ на МНД – Битола, „кристална коцка“ постхумно за Ранко Струмениковски

Македонското научно друштво – Битола денес го заврши културниот настан, изложба на документи и фотографии ,,Наши години”. Во фоајето на Центар за култура-Битола, претседателката на МНД-Битола доц. д-р Невена Груевска додели кристална коцка на член од семејството Струмениковски и јавна благодарница затоа што идејното решение на академскиот сликар Ранко Струмениковски и ден денес е амблем на Друштвото со кој се препознаваме во државата и странство. Амблемот на МНД-Битола е илустриран на јубилејната кристална коцка која денес е врачена на д-р Тања Струмениковска – Ристевска која воедно е редовен член на МНД-Битола.

GOLD
To Top