Новости

Битола инфо

Завршна фаза на реконструкцијата на кугланата во Битола

Целосната реконструкција на кугланата, сместена во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола е во завршна фаза. Опремата за куглање веќе е на пат кон Битола и се очекува монтажата да започне следната недела, информираат од Општина Битола.
Градоначалничката Наташа Петровска, заедно со раководството на кугларскиот клуб „Пелистер“ и одговорните лица за реновирање на кугланата, извршија увид во инфраструктурните работи. По поставувањето на кугларските патеки, заедно со целата електронска опрема, овој спортски објект ќе биде најновата лиценцирана куглана во земјава, по најсовремени европски стандарди.
Проектот за кугланата го обезбеди Општина Битола преку јавното претпријатие за проектирање, а реконструкцијата е финансирана од Агенцијата за млади и спорт со над 14.000.000 денари.

GOLD
To Top