Новости

Битола инфо

Завршува акцијата за отстранување на гранатите кај стадионот во Битола, извадени над 12.000 парчиња

Вкупно 110 тона односно 12.300 артилериски гранати од Првата светска војна беа пронајдени во близина на стадионот во Битола, откако беше пронајдена првата граната на 26 октомври при изведување градежни работи. Акцијата завршува утре.


„Утре останува уште пребарување на теренот бидејќи во ова место од каде што ги извадивме очекуваме со детектор да пронајадиме уште оклу 20 до 30 парчиња кои што не сме ги виделе да ги извадаиме. Утре дефинитивно се завршува со овај дел од акцијата. Ова е половина од акцијата, од 15 ти почнуваме со другиот дел кој што е покомплексен, односно уништување на истите средства“, рече Ефтим Митрев, Пиротехничар и координатор на акцијата.


Гранатите се собираат во магацинот на Дирекцијата за заштита и спасување, а во текот на овој месец ќе се транспортираат на уништување во Криволак.
„Очекуваме после 15 какао што се имаме договорено со министерството за одбрана во Криволак да почни и процесот на уништување. Таму има одредени прописи и правила кои што треба да ги запазиме во однос на чување на животната средина меѓутоа пред се треба да направиме еден баланс што од овие гранати била тука за сите овде граѓани и во однос на сите овие околности кои што треба да ги завршиме“, рече Беким Максути, директор на ДЗС.
Инаку Владата на вчерашната седница донесе одлука со која еднократно со 500 евра ги наградува 7-те пиротехничари кои беа дел од акцијата која е една од најголемите на Балканот. Максути истакна дека се прават напори за решавање на статусот на пиротехничарите, но и обновување и проширување на кадровските ресурси.

Со акцијата на ископувањето на артилериските гранати биле запознаени и амбасадите на земјите кои биле активни за време на Првата светска војна. Во иднина да бидат избегнати опасностите, заеднички се планира да се истражи цел јужен фронт.

„Поголема акција . Знаете дека јужниот фронт бил можеби стотици километри може да се каже и во однос на тоа нас ни треба поддршка и од историчарите и од други екперти од ова поле и со заеднички напори со амбасадите и да видиме еднаш засекогаш оваа опасност да се што демне под земја во овие простори да се отстранат, за да не тераме вака адхок кога ќе се појави потреба, затоа што тоа е опасност која што спие и никогаш не се знае кога може да ни се случи најлошото, а тоа никој не би го посакувал“, рече Максути.

Директорот рече дека преземаат мерки и активности за решавање на статусот на пиротехничарите.

„Овие се тие луѓе кои се први на најадиректна опасност. Гледаме дека ние имаме програма со америчка амбасада во однос на уовршување нивно но и ново екипирање. Низ разговори со министерството за одбрана ние предлагаме да дел од нивните вработени војници кои што надминале 45 години кои што имаат такви капацитети, односно заедно со овие колиги кои што можат да ги обучувата во вакво нешто, да полека ние ги обновуваме ресурсите, односно овие пиротехничари знаењето кое што го стекнале да им го пренесат на идните“, додаде Максути.

GOLD
To Top