Новости

Битола инфо

Задушница – Света Архиерејска Заупокоена Литургија во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола

На 06.06.2020 г., во саботата пред Духовден, кога молитвено си спомнуваме за сите упокоени наши отци, браќа и сестри, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Кирил Трајковски и ѓаконот Ѓорѓи Делев, отслужи Света Заупокоена Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј, во Битола.

После Божествената Литургија, беше отслужена Панихида за упокоените во верата праотци, отци, мајки, браќа и сестри наши, со надеж на Воскресение и вечен живот.

Бог да си спомне и за сите знајни и незнајни чеда на Светата Православна Црква, кои имаат потреба од нашите молитви.

GOLD
To Top