Новости

Битола инфо

Заев во „Директно“: Кондовски целосно ќе се посвети на градоначалничката функција и ќе испорача одлични резултати

Опозицијата во изборната кампања обвинуваше зошто кандидатот за градоначалник за Битола од СДСМ е менаџер. Токму на оваа тема зборуваше премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев. Тој потсети на она што се случуваше во периодот пред Петровска да стане градоначалник и рече дека Христо Кондовски ќе продолжи таму каде што застана Наташа.

„Еве вака, имаме градоначалници ние Кавадарци, порано Струмица имало, има градоначалник на Кочани, добар деловен човек, бизнисмен, покажуваат што е што. И ќе ги потсетам граѓаните, го имавме Талески, и знаеме што се случи, и веќе има судски пресуди за оваа работа. А имаме градоначалници кои што биле од деловниот сектор дојдени, докажани бизнисмени и гледате дека се растеретени од финансиските аспекти. Тие веќе создале за себе. Останува нивната мотивација да остават добар печат и почит во тоа што ќе го работат за граѓаните и за својата општина. И влечејќи ги ваквите паралели, прво нема дилема дека растеретени финансиски личности можат многу попосветено, многу пофокусирано, без било какви калкулации да максимизираат ефекти. И тоа го имаме и во нашето скромно минато од 30 години независност. Или еве од 2005 година децентрализирани општини, тоа се 16 години досега. Можеме да го извлечеме, дали низ примерот од Битола, ја гледате чесноста на Наташа, заработуваше за себе или за Битола? Па остави пари во милиони евра за да продолжи Кондовски каде што Наташа застана. А во минатото еве гледаме што се случи, 13 милиони евра обврски“, рече Заев.

Тој го посочи примерот со Кочани.

„Земете го примерот на Кочани. Кочани не само што е една од поуспешните општини, туку по стандард е средена општина со сите атрибути и аспекти. Во сите извештаи тоа го гледам. Дојде од деловен човек, синовите му се поголеми веќе можат да му ги водат компаниите, на крајот на денот, Христо Кондовски каде што има свои удели го знаат, денеска се е достапно во јавноста, нема допирни точки со општините. Работи осигурување, нема допирни точки со општината. Тој може комплетно да се посвети. Плус тоа денеска нема тајни во државата, граѓаните те фаќаат на моментот на планирање. Така да тоа е убаво, одговорноста, транспарентноста, слободата, демократијата ја имаме и тоа е најголемиот „watch dog“, контролор комплетно од народот, на секој поединечно што извршува политичка функција. Придобивнките што ги носи, искуството на менаџментот со него, со љубовта за Битола, со желбата да победува Битола во натпреварите со другите општини, верувам дека правиме голема работа за Битола“, рече Заев вечерва во емисијата „Директно“ на ТВ Тера.

Евротип
Евротип
To Top