Новости

Битола инфо

Заев за ТВ Тера: Кондовски важи за пример на емпатија и солидарност за луѓето

Претседателот на СДСМ и премиер на Владата, Зоран Заев вечерва гостуваше во емисијата „Директно“ на ТВ Тера. На прашањето како го познава кандидатот за Битола, Христо Кондовски, Заев рече дека Кондовски важи за пример на емпатија и солидарност за луѓето.

„Јас го запознав низ истражувањата, низ анкетите. Јас со Христо Кондовски сум имал состанок на коморите, на состаноците со бизнисмените, тогаш имав состанок кога беше кандидат за секретар во партијата. Васко Ковачевски го победи со неговиот тим во тоа време, тој изгуби, но продолжи со неговата социјал-демократска клауза. Човекот е бизнисмен, ориентиран во приватниот сектор, создадено од него, не од татко му, создал од нула, важи за пример на емпатија и солидарност за луѓето. Помагал, не само во спортот, еве стои зад „Пелистер“ во моментот, го помагал ракометот, помагал лекување на луѓе, помагал други социјални потреби на луѓето, тоа е многу важно да го имате во некој што се кандидира за татко на градот. Кога ја има таа емпатија со сите менаџерски способности“, рече Заев и потенцираше дека во тоа е убеден.

Заев рече дека битолчани ја сакаат Битола, а и тие имаат одговорност кон Битола.

„Ја сакаме, може да расте со динамично темпо и мора да блеска пред другите градови, посебно во четирите години пред нас, кој е неповторлив период во кој мораме со максимум добра програма, со максимум добри градоначалници, со максимум добри советници да ги максимизираме ефектите. Работиме ние на централно ниво. Ако општините не се движат како што треба, тогаш половичен ќе е успехот“, рече Заев во „Директно“.

 

Евротип
Евротип
To Top