Новости

Битола инфо

Заев за ТВ Тера: Кондовски ќе ја има целосната поддршка од Владата

Христо Кондовски ќе ја има целосната поддршка од Владата, рече вечерва Зоран Заев во гостувањето на ТВ Тера зборувајќи за она што го имаат локалните самоуправи и градоначалниците како обврска и она што може Владата како централна власт да им помогне во изведувањето на проектите. Владата е посветена на сериозни инвестиции во Пелагонија, рече Заев.

„Автопатот Прилеп- Битола е џиновска работа, важно е за Битола, но важно е за мене за струмичанец како ќе стигнам во Охрид или во Преспа, важно е за сите, тоа е последната делница, централниот дел на државата која мора да ја отвориме комплетно. Тоа значи економија, тоа значи раст и развој. Го завршивме железничкото поврзување, го правевме и првиот експеримент на возот, сигнализацијата е завршена и веројатно на тој начин ќе донесеме и нови количина на јаглен во РЕК Битола однадвор за да може да ги максимизираме ефектите на оваа енергетска криза. Топлификацијата е завршена, гасификацијата е завршена, колку проекти поддржавме во Битола надлежност на локалната самоуправа. Христо Кондовски ќе ја има целосната поддршка од Владата на граѓаните на Битола, ние сме влада на граѓаните на Битола како што сме влада на сите граѓани во Северна Македонија. Во такви едни околности прво поддршка за сите локални проекти, ако тој најде 5 банки, ние ќе дадеме уште 5. За да решаваме локални проблеми. Никаде нема детето на мајката да и помага, мајката е таа што треба да му помогне на детето, мислејќи на владата наспроти општините. Верувам дека Битола ќе има еден свој процвет, посебен во следните 4 години, ете јас сум убеден дека Христо ќе победи и ЌЕ победи. Затоа што знаат граѓаните да го доловат тој дел. Многу е важно, 4 години пред нас се неповторливи години. Решени меѓународни прашања, отворено поглавје и кластери ќе ни се случуваат во државата, НАТО безбедност, имаме толку убава стратешка географска поставеност и на Северна Македонија и на Битола. Треба да бидеме само инвентивни и работливи, да испорачаме и ќе оставиме вековно наследство позитивно за младите и за децата,“ рече Заев.

Евротип
Евротип
To Top