Новости

Битола инфо

Заев од Битола: Гласот за СДСМ е глас за сигурност

СДСМ и Коалицијата „Можеме“ вечерва со трибина во Битола ќе ја заокружат предизборната кампања. Заев попладнево од Битола ја прати следната порака.

„Пред нас во среда се важни избори, Избори на кои секој од нас треба да каже во кој правец кој ќе се движи нашата земја. Понудените опции се видоа во двете целосно спротивни кампањи. Од едната страна видовме оптимизам, јасен концепт, надеж, шанса и иднина – рековме и покажавме дека МОЖЕМЕ тоа да го оствариме. Од другата страна – мрак, црнила, недоличен хумор врз грбот на сопствениот народ – веќе видено – минато. Тоа е разликата – од едната страна достоинствена кампања, со сите мерки на заштита од Ковид, од другата страна опасна кампања – со сите прекршувања на мерките и сите лоши зборови кои ги чувме од нивна страна. На 15 јули одлучуваме дали ќе растат платите на граѓаните, или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски. Изборот е едноставен, но работата не е однапред завршена. Дали ќе одиме напред зависи од секој од нас, од секој од вас.

На овие избори гласот за СДСМ е глас за сигурност, гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за враќање назад, за опасност од нов режим. Почитувани граѓани, Не си ја потценувајте моќта, не си ја коцкајте иднината. Државата ќе продолжи напред само ако вие така одлучите, само ако вие излезете на 15 јули и гласате на безбедни избори. Го бараме вашиот глас за нов, чист мандат. За да ги продолжиме добрите политики. За да продолжиме напред уште побрзо. Да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за нашата татковина. Во среда, на 15 јули да гласаме за да продолжиме напред кон развој, кон интеграција, кон економски раст и повеќе пари за сите… и конечно кон правда.

Тоа е вистинскиот, тоа е исправниот пат, се друго е ќор-сокак и неизвесност. Да гласаме за број ТРИ, за СДСМ, за „Можеме“, да гласаме за најсигурната опција!“ рече тој.

Со своја порака до гласачите се обрати и Радмила Шекеринска која е носител во петката.

„Три години не беа доволни да се искорени стравот и уцената која ја втемелија во секоја пора од општеството па и во судството. Донесовме правичност и сега на ред е безусловна правда.Го сочувавме и добивме меѓународна потврда на нашиот идентитет и македонскиот јазик, нашата традиција и култура. Денес не може никој да ви спори што е македонско.

Ја вративме слободата сега никој повеќе не е наведнат и замолчен. Живееме во вонредни околности, живееме во услови на планетарна криза која никој не ја очекуваше а уште помалку некој беше подготвен. Како влада и како партија макотрпно влеговме во процесот на престројување и зачувување на нашиот начин на живот.

Вирусот е тука и ќе биде тука. Но со одговорно однесување, со правилни политики, со помош на нашите сојузници во НАТО и во ЕУ од ова ќе излеземе како победници. Од денес на полноќ започнува изборниот молк. Имавме кампања која беше надвор од стандардите, користевме нови алатки на современата технологија за да допреме до сите вас. Имавме кампања во која не велевме „ќе“ туку објаснивме што сработевме, каде бевме, каде сме сега и каде сакаме да бидеме во следните 4 години. За само две ипол години постигнавме многу но сето тоа може да го фрлат во вода за два месеци. На гласачкиот пулт сте сами, заштитени и безбедни. Размислете и вие за вашата иднина, размислете длабоко и прашајте се каде сакате да се видите во следните четири години. Повторно во мрачното минато или во иднината. Размислете каде и во каква иднина сакате да градите, да се развивате, да ги воспитувате вашите деца, да ја живеете вашата старост. Ако одговорот е во иднината ако одговорот е напред ако знаете дека ЗАЕДНО можеме, тогаш заокружете го бројот три, гласајте за сигурност“ рече Шекеринска.

GOLD
To Top