Новости

Битола инфо

Започна селекцијата на филмовите за фестивалот на аматерски документарен филм „Камера 300“

28-то издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ годинава ќе се одвива во услови на Ковид 19 согласно мерките за заштита. На конкурсот оваа година се пријавија 46 филмови од осум земји од Европа.


-Не радува податокот што оваа година имаме огромен голем број филмови од Македонија, скоро 25, а другите филмови се од Бугарија, Чешка, Велика Британија, Словенија, Бугарија и Молдавија.


Жирито на фестивалот започна со селектирањето на филмовите кои ќе влезат во официјална конкуренција и оние кои ќе ги понесат највисоките одличја. Заради актуелната ситуација, при жирирањето оваа година се користат и техничките можности, односно двајца од жирито ги гледаат филмовите преку Зум, вели Стефан Хаџиантоновски, директор на фестивалот.


Режисерот Благојче Божиновски кој е дел од жирито вели дека оваа година ќе имаат тешка задача кога се работи за квалитетот.
-Би сакал да истакнам дека годинава имаме доста квалиутетни филмови с ечувствва напредокот на технологијата, од друга страна е препознатлив ракописот на авторите на филмот, се работи за аматерски фестоивал, годинава ќе имаме поприлично проблеми за изборот со оглед на тоа што имаме доста квалиутетни филмови, рече Божиновски.


28-то издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ ќе се одржи на 30 и 31 октомври.

GOLD
To Top