Новости

Битола инфо

Започнува 50-то издание на „Илинденски денови“ во Битола

Од 22 до 30 јули во Битола ќе се одржи јубилејното 50-то издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.
Директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андоновска Илијевски и долгогодишниот програмски селектор, Валентин Соклевски денеска на прес-конференција ја најавија програмата и активностите кои оваа година ќе се одржуваат под поинакви околности за разлика од претходните години.
-Културата е погодена од целата ситуација од кризата, а ние размислувавме дали и како ќе се случи ова издание. Но Битола го заслужува 50-то издание на „Илинденски денови“, истакна Андоновска Илијевски.
Таа напомена дека фестивалот ќе се одвива во два дела, онлајн и класични фестивалски кои ќе се одвиваат според мерките и протоколите за заштита од Ковид 19.
Соклевски потенцираше дека „Илинденски денови“ е еден од најпосетените фестивали воедно извинувајќи му се однапред на публиката што нема да може да биде присутна во голем број.
-Зад нас е половина век, пред нас е вечноста, рече на крајот Соклевски.
Фестивалот започнува утре со изложбата на фотографии CIOFF –„За живот на традицијата“ во НУ Центар за култура Битола од 20 часот, а ќе биде заокружен, како што рекоа организаторите, на 30 јули со концертот „Од душата на традицијата“ во Пациото на НУ Завод и Музеј почнувајќи од 20:30 часот.

Евротип
Евротип
To Top