Новости

Битола инфо

Известување до жителите на Општина Битола за достава на барања за проценка на штети

После силните врнежи од дожд и град и невремето кое зафати делови од Општина Битола на 26 мај 2021 година, се повикуваат жителите на општината кои претрпеле штета, да поднесат барање за проценка на штета на шалтерите во Општина Битола.

Во прилог на барањето потребно е да се достави: имотен лист/доказ за сопственост, копија од лична карта и број на трансакциска сметка.

Врз основа на доставените барања, комисијата од Општина Битола, ќе изврши проценка на штетите на терен и документацијата ќе ја достави до надлежните институции.

Барањата можат да се доставуваат од петок 28.05.2021 до петок 04.06.2021 од 08.00 до 16.00 часот..

GOLD
To Top