Новости

Битола инфо

Известување за граѓаните кои сакаат да добијат информација за инвертер клима уредите

Од Општина Битола информираат дека заради транспарентност и информирање на граѓаните за недостатокот во нивната апликација, сите граѓани, можат да испратат е-маил на следната мејл адреса subvencii@bitola.gov.mk со број на предмет, за кој ќе добијат образложение од страна на комисијата.

На истиот мејл, граѓаните можат да постават и дополнителни прашања поврзани со прелиминарната листа и процесот на физичката достава на документацијата.

Физичката достава на потребната документација ќе се врши согласно распоредот кој ќе биде објавен на веб страната на Општина Битола и официјалната фејсбук страна на Општина Битола.

Инаку ова е прелиминарната листа која ја објави општината:

ПРЕЛИМИНАРНА ЛИСТА НА АПЛИКАНТИ КОИ ГИ ИСПОЛНУВААТ КРИТЕРИУМИТЕ СОГЛАСНО ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ДОМАЌИНСТВАТА ВО ОПШТИНА БИТОЛА ЗА НАБАВКА И МОНТАЖА НА ВИСОКОЕФИКАСНИ ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

ВАЖНО: Обврска на апликантите од оваа листа е да ја обезбедат и физички да ја достават документацијата согласно јавниот повик и правилникот, односно да достават:

– Барањето за субвенционирање на домаќинства (се симнува од овој линк)
– Копија од лична карта
– Комплетен имотен лист
– Решение за данок на имот (доколку е потребно, односно доставено при електронското аплицирање)
– Изјава за промена на адреса (доколку е потребно, односно доставена при електронското аплицирање)
– Изјава за носител на домаќинство (доколку е потребно, односно доставена при електронското аплицирање)
– Сметка за _____________ (доколку е потребно, односно доставена при електронското аплицирање)
– Фактура 6:06 PM 10/26/2020(оригинал)
– Фискална сметка (оригинал)
– Копија од трансакциска сметка
– Испечатена фотографија од печката
– Изјава за користење на инвертер заверена на нотар (се симнува од овој линк)
– Друго (доколку е потребно, односно доставено при електронското аплицирање)

Согласно протоколите за заштита од КОВИД 19, документацијата ќе се доставува според претходно утврден распоред, објавен на веб страната на Општина Битола, со точно прецизирано време и локација за достава на документацијата.

GOLD
To Top