Новости

Битола инфо

Извршени претреси во Битола, приведен дилер на дрога

На 28.09.2021 во 17.00 часот на ул.„Кланица” во Битола, полициски службеници од СВР Битола – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје лишиле од слобода 35-годишен Битолчанец, информираат од Министерството за внатрешни работи.
При претреси во неговиот дом во Битола и во неговата викенд куќата во битолско село, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени пакувања со амфетамин, повеќе таблетки во различни бои, семки од растението канабис и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Евротип
Евротип
To Top