Новости

Битола инфо

Изгоре планинарската куќа „Ловечка“

Планинарската куќа „Ловечка“ која се наоѓа на надморна височина од 1950 метри на Баба Планина изгоре. Ова се фотографии кои ги објави битолскиот фотограф Сашо Ставрев.

Противпожарната служба на Битола за Тера рекоа дека кај нив нема пријава за било каков пожар. Исто така и во битолската полиција рекоа дека кај нив не бил пријавен таков случај.

Ова е објект кој беше место за одмор на оние кои планинареа по Баба Планина и врвот Пелистер. На социјалните мрежи битолчани коментираат дека жално е ова што се случи и со овој објект, присетувајќи се на опожарениот дом на Копанки.

Објектот на Планинарскиот дом „Широка“, или т.н. Ловечка куќа, се наоѓа на долниот дел од месноста Широка.

Извор: ТВ Тера

Евротип
Евротип
To Top