Новости

Битола инфо

Излезе деби-албумот ЦРНИЛО на битолската група ВЕЛ

Така е со ВЕЛОТ, врзан од други догми. Ќе биде малку надесно, место да е малку лев,
преправ за да не биде крив. И нема да пропушти ни суд, ни страв, ни страст, само
те прекрива со црни мисли и со црвена јад“.

ВЕЛ е музичка група од Битола, која вешто се поигрува со најразлични, современи музички правци, создавајќи притоа музика со модерен и софистициран звук. Групата е формирана во 2019 год. ЦРНИЛО е нивниот дебиалбум. Снимен е во битолското
студио ОМНИ и на него се наоѓаат десет авторски нумери, кои доволно говорат за јасните музички перцепции и смели текстуални идеи на ВЕЛ.

Во ВЕЛ членуваат:
Томе Спасовски бас гитара и глас. Спасовски е дипломиран музичар, професор по пијано во Државното музичко училиште во Битола. Претходно членувал во групите Контракултура и
The Government. Објавил поетска збирка „Безнесум“. Автор e на сите текстови на ВЕЛ. Учествувал во низа музички проекти: Historia de un amor, Unplugged Nirvana ’94, Korunovska singing&music, Камерна опера Битола…
Златко Никодиновски гитара и глас. Никодиновски е движечката сила на ВЕЛ. Претходно членувал во групите Флуор, Небо
(Hard to complete), Against Them All (First Born) и The Government (Разбуди ме). Никодиновски е графички и мултимедијален дизајнер, одговорен за визуелниот и концепциски изглед на групата ВЕЛ.
Сашо Ристевски тапани. Претходно членувал во групите
Dismay и The Government.
Ристевски
е сопственик на студиото ОМНИ и e човек задолжен за продукција, микс, ремикс и мастеринг на групата ВЕЛ.

Денис Алитовски клавијатури и глас. Алитовски е дипломиран музичар, професор по
пијано во Државното музичко училиште во Битола. Претходно членувал во групата
Jazz
Scenario.
Познат е по својот ангажман во низа музички проекти: The Opera House, Maria de Buenos Aires (Astor Piazzolla)…
Со оваа постава, групата ВЕЛ, заедно со Мугер Фугер и Горан Трајковски настапила на
фестивалот Таксират 2019, а следната, 2020 г., заедно со овие групи настапила во
Битола на фестивалот „Битола отворен град“.

Во текот на снимањето на албумот ЦРНИЛО, кон групата ВЕЛ
се приклучил и гитаристот Александар Гулевски, дипломиран историчар на уметноста и магистер по византиска историја. Претходно членувал во скопските групи Процес, Suns и Fresh (Македонски рок документ I). Соработувал со Златко Ориѓански на албумот „Македонско девојче I
и со групата
Љубојна на албумите „Парите се отепувачка и Шербет Љубојна. Познат е по својата збирка раскази 40 Фејсбук приказни (2020) и по своето познавање на византиското црковно пеење.

ВЕЛ можат да се следат на:
YouTube:
https://www.youtube.com/channel/UCKSYefBo6r5M0y25a3hlSg
Facebook:
https://www.facebook.com/velbend/
Bandcamp:
https://veil2020.bandcamp.com/album/
Spotify:
Црнило Album by В Е Л | Spotify

СН Брокер
To Top