Новости

Битола инфо

Изложба на Александар Поповски – Талентиран млад ликовен уметник од Битола!

Александар Поповские е талентиран млад ликовен уметник од Битола. Роден е во 1992 година. Неговиот уметнички порив го изразува уште на 5 годишна возраст. Тогаш започнува да слика, а професионалнo се занимава со сликарство од 2013 година.

Во период од две години Александар реализирал четири самостојни изложби, во чест на македонскиот поп пејач Тоше Проески.

Изложувал во Битола, Скопје, Велес и Крушево (спомен куќата на Тоше Проески) во 2015 год.

Инспирацијата ја црпи од старите мајстори, како William Bouguereau, Rembrandt, Caravaggio, Michelangelo Buonarroti, Amedeo Modigliani и многу други.

Најчесто работи со јаглен, пастел, акрил, масло на платно, акварел..
Слика ѕидно сликарство – мурали, фрески, икони и повремено скулптури.

Недела на 8 август во 18 часот во културен центар Везилка, љубителите на ликовната уметност можат да присуствуваат на отворањето на неговата петта самостојна изложба во културен центар Везилка.


Инаку, Везилка работи на градење на вистински вредности како негување на македонската традиција, култура, историја и уметност. Го
поддржува талентот и работата на сите уметници и го афирмира нивниот труд преку организирање на културни настани од уметноста, како од ликовната така и музика, филм, литература.

Изложените дела на уметникот Александар Поповски се изработени во период од 2018 – 2021 година во техника масло и акрил на платно. Изложбата ќе трае неколку дена и е од продажен карактер.

Неговите маестрални дела, не натераа да заклучиме дека Градот на конзулите го добива својот Michelangelo.

Евротип
Евротип
To Top