Новости

Битола инфо

Израелскиот амбасадор Дан Оријан во Битола пред завршувањето на мандатот

Фото: Саше Богоевски

Израелскиот амбасадор во Македонија, Дан Оријан го завршува својот мандат откако седум години ја извршуваше оваа функција. Изминатите денови тој имаше неколку проштални средби со државниот врв. Денеска беше во Битола, каде во текот на денот ги посети сите локации поврзани со еврејската култура и минато и каде израелската амбасада помагаше во голема мера, но и амбасадорот Оријан лично се залагаше. Новиот лик на Еврејските гробишта, преименувањето на Здравствениот дом, Маршот на живите, како и многу други настани, но и донации. Тој денеска со новинарите ги сподели досегашното искуство во Битола. Потенцираше дека Битола има голем дел во односите меѓу Македонија и Израел.

Него ќе го наследи жена амбасадорка, за која вели дека добро ја информирал за досегашните активности. Исто така истакна дека за многу брзо ќе биде поставен и сончевиот часовник на Еврејските гробишта.

GOLD
To Top