Новости

Битола инфо

(Фото) Иницијатива Здравствен дом Битола да биде именуван по доктор Хаим Абраванел

Еврејската заедница во Македонија, битолското здружение „Архам“ со поддршка на Амбасадата на Израел и ЈЗУ Здравствен дом-Битола покренаа иницијатова и веќе се испрати предлог до Министерството за здравство, Здравствениот дом во Битола да го носи името на доктор Хаим Абраванел, Евреин кој живеел и работел во Битола. Докторот кој од 1946 година па се до 1963 година ги лечеше граѓаните на Битола и околината, првиот раководител на интерното одделение во Битола, човекот кој сите го знаеја за голем хуманист, кој им помагаше на луѓето и често одеше во домашни посети.

Токму неговата внука денеска беше во Битола на денот кога се одбележува годишнината од холокаустот на Евреите. Шели Леви Друмел ги загубила своите родители во земјотресот во Скопје, и оттогаш живеела со нејзините дедо и баба во Израел. Таа од 2009 година често доаѓа во Македонија и Битола и е директно вклучена во реконструкцијата на Еврејските гробишта во Битола.

-Јас сум негова единствена внука единствена, моите родители починаа во земјотресот во 1963 година во Скопје и останав сама со баба и дедо. Дедо ми беше тука од 1946 до 1963 и тогаш отидовме во Израел. Се сеќавам како дете, тој беше народен лекар, ги лекуваше луѓето, ги примаше, со хуманост голема, ја сакаше својата професија, беше професионалец. Тоа го дознав 1987 година кога дојдов тука повторно и шетав низ градот и секогаш кога би кажала на кого сум внука сите ми велеа дека тој беше специјален човек и лекар. Јас му сум внука од ќерка, имаше и син кој не беше женет и тој настрада во земјотресот. Дедо ми ја спомнуваше Битола постојано во Израел и постојано зборувавме таму на македонски јазик. Почина 1984 година, имаше 87 години кога почина, денес на овој ден се точно 33 години од кога е починат, изјави Шели Леви Друмел, внука на доктор Хаим Абраванел.

Одбележувајќи ја годишнината од депортацијата на битолските Евреи, голем број делегации денеска положија свежо цвеќе на споменикот пред Здравствениот дом во Битола, кој всушност е изграден на местото на поранешното еврејско маало во Битола. Од пред домот денеска за прв пат во Битола се одржа и комеморативен марш на Животот, светот го негува споменот на холокаустот, за тој никогаш да не се повтори.

-Лично сум трогнат од поддршката што ја добиваме од Министерството за здравство, од здравствениот дом и нивната желба да го именуваат домот по доктор Абраванел. Но да бидам искрен, ме трогнува и поддршката што ја чувствувам од луѓето во Битола. Таа поддршка ја чувствуваме насекаде, но најмногу од се е почитта и сеќавањето кое е присутно овде. Сите заедно да маршираме на овој прв марш во Битола, марш на живите. Пораката е да не го заборавиме минатото, да им ја пренесеме пораката на идните генерации: никогаш повеќе, изјави израелсиот амбасадор во Македонија, Дан Ориан.

Делегација од предводена од израелскиот амбасадор денеска беше и на средба со битолскиот градоначалник, Владимир Талески.

GOLD
To Top